Калин Хотел, Лазарополе - Да видиш, да не веруваш!


Панорамски поглед


Сред село Лазарополе


Традиционална миачка градба

Опкруженост со природа

Ако патувате од Скопје, преку Тетово и Гостивар, потем преку Маврово, влегувате во живописната клисура на реката Радика кон Дебар, поминувајќи крај импресивниот манастир Свети Јован Бигорски, доаѓате до крстопатот наречен Бошков Мост на неколку километри пред Дебар. Тука се упатувате лево, по добар асфалтен пат, по околу 5 километри почнувате да се искачувате по кривулест асфалтен пат што ве води во планинските висини на Бистра.

По веќе создаденото чувство дека сте на небо, пред вас, на надморска височина од 1.350 метри, се отвара голема висорамнина на чии карпести делови се појавуваат куќи, најчесто двокатни и трокатни изградени од камен кои потсетуваат на средновековни тврдини.

Во центарот на ваквата прецизна архитектонска организација ве пречекува Калин Хотел во Лазарополе.

За повеќе информации и резервација, Ве очекуваме:
Тел: (046) 846 222
Email:info@kalinhotel.com.mk

Englsh version

2007 Калин Хотел, Лазарополе. Email: info@kalinhotel.com.mk, Тел. (046) 846 222